Мизрахи: Си играте со човечки судбини, со поткуп не се победува на избори

Денешната ,,голема” хуманитарна акција на Заев е уште едно потценување на овој осиромашен и опустошен народ..

По два градоначалнички мандата и премиерска функција кога на Заев му беше должност да овозможи отворање на работни места, да направи услови за развој на бизнисот и претприемништвото и да се бори против сиромаштијата, тој токму сега кога на големо најавува избори решава да биде голем хуманитарец.

Господине Заев на народот не му треба вашата ,,милостина”, на народот му треба работа. Кога веќе петнаесетина години не се сетивте на тоа, сетете се дека ваквиот однос денес не е хуманитарна помош, тоа е навреда, играње со човечки судбини и предизборен поткуп.

Нема да ви помине!

Фејсбук статус на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top