Во последен момент - SpaceX и НАСА го одложија историското лансирање на Falcon 9

Компанијата на Елон Маск SpaceX го одложи лансирањето на ракетата Falcon 9 која требаше да однесе двајца астронаути на НАСА во вселената, како причина наведувајќи ги неповолните временски услови..


Од НАСА претходно најавија дека постои можност поради лоши временски услови да биде одложено лансирањето и закажани се нови датуми, 30 и 31 мај.

Претседателот на САД Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и нивните семејства синоќа дојдоа во Флорида за да го гледаат испраќањето на ракетата Falcon 9 од Вселенскиот центар Кенеди.

Сѐ беше подготвено, цел ден се правеа подготовки за лансирањето, астронаутите беа во нивните капсули и чекаа потврда за лансирање, но во последен момент беше одлучено дека сепак нема да има лансирање таа вечер бидејќи поради неповолните временски услови не било доволно безбедно.

Ова лансирање се смета за историско со оглед на тоа дека последен пат кога научници на НАСА биле испратени во вселената беше пред девет години, а исто така ова е првпат приватна компанија да има можност да лансира луѓе во вселената.

НАСА планираше лансирањето да го пренесува во живо на YouTube, а пренос беше планиран и преку веб-страницата на компанијата SpaceX.

Од SpaceX имаат најавено уште две вселенски мисии, и тоа патувања на Месечината и на Марс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top