16 ГОДИНИ ОД НАПАДОТ 9/11 - КАКО И КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ТЕРОРИЗМОТ?

Моменталниот меѓународен тероризам, вековна тактика на војна, честопати се поврзува и се смета дека произлегува од бомбата испратена од Њујорк од страна на анти-Кастро групата „Ел Подер Кубано“ или „Кубанската моќ“.

Пет лица биле сериозно повредени. Оттогаш, речиси 400.000 лица загинале во терористичките напади низ целиот свет што се случиле во авиони, возови, трговски центри, училишта, амбасади, кина, станбени згради, владини канцеларии и бизниси, покажуваат податоците од Националниот конзорциум за проучување на тероризмот и одговори на тероризмот. Најсмртоносен останува нападот на 11 септември, пред 16 години, во кој загинале речиси 3.000 луѓе - а за возврат предизвикал војна што станала најдолга за Америка.

Со терористичките напади човек не може, а да не се запраша како завршува тероризмот или како се развиваат милитантните групи. Во своето значајно истражување спроведено над повеќе од 450 терористички групи, Одри Курт Кронин открил дека просечниот „живот“ на едно екстремистичко движење е околу 8 години. „Кубанската моќ“ извршила уште неколку бомбашки напади, но на крајот не траела ни година.

Бев сведок и на некои транзиции за кои никогаш не помислив дека ќе се случат. Го интервјуирав Јасер Арафат неколку пати кога Америка го сметаше за терорист. Тој беше лош човек со минијатурна висина. Тој беше директно или индиректно поврзан со киднапирања авиони, бомбашки напади, заложници и многу повеќе. Израел сметаше дека Арафат беше поразен после инвазијата врз Либан во 1982 година. Од пристаништето во Бејрут гледав како шефот на палестинската организација за ослободување заедно со неговите борци отплови во новото седиште во Тунис.

11 години подоцна бев во Вашингтон кога Арафат и Ицак Рабин ги потпишаа мировните договори во Осло во 1993 година. Тие ја делеа Нобеловата награда за мир во 1994 година. Претседателот Бил Клинтон му беше домаќин на Арафат повеќе од кој било друг претседател на држава. Летав со следните четири државни секретари на состанок со Арафат за да се продискутираат следните чекори за траен мир во палестинската власт. 4 години подоцна беше далеку од завршено.

Во пресрет на годишнината од 11 септември, побарав осум експерти за тероризам кои долго време го проучувале феноменот во ЦИА, ФБИ, Советот за национална безбедност, Стејт департментот, корпорацијата Ранд и академијата. Тие идентификуваа шест начини на кои тероризмот се развива, згаснува и умира - и под кои услови успева.

Помалку од 5 отсто од терористичките групи целосно успеваат, вели Кронин. Помеѓу најпознатите беше Иргун. Еврејската група ги бомбардира британските колонијални канцеларии во Палестина и дипломатските места во странство, како и локалните арапски мети. Најпознат напад бил во 1946 година кога членовите, облечени како келнери, поставиле бомба сокриена во конзерви за млеко во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим. Биле убиени 91 лице. Групата тогаш била предводена од Менахем Бегин. 2 години подоцна Иргун ги реализира своите цели кога британските војници се повлекле, па така била основана државата Израел. Три децении подоцна Бегин, тогашниот премиер, ја делеше Нобеловата награда за мир со Египет.

Друга организација беше во Јужна Африка. Во 1961 година Нелсон Мандела го основал вооруженото крило на Африканскиот национален конгрес. Прва акција биле пет бомбашки напади врз владини објекти во Јоханесбург, Дурбан и Порт Елизабет. Мандела бил уапсен и осуден на доживотен затвор поради саботажа. Децении подоцна, како што пропадна апартхејдот, владата на белото малцинство се откажа од власта.

„Екстремистичките групи имаат поголема веројатност да успеат кога целите се ограничени или остварливи, како што е независноста, улога во владата или дел од територија“, вели националниот координатор за контратероризам во администрацијата на Клинтон и Буш, Ричард Кларк. 

Околу 18 отсто се терористички движења што завршуваат со преговори за постигнување на нивните политички цели. „Тие се групи кои најмногу опстојуваат. Нивниот животен век како терористи е обично 20 или 25 години. Обично разговорите траат со години. Честопати се потребни години, па продолжува пониско ниво на насилство“, вели Одри Курт Кронин.

Преговорите одговараат на други фактори. Но кога екстремистичките групи ќе отстапат од одговорите - нешто што се случува во 10 отсто од времето, тие често пати се уништени. Тамилските тигри на Шри Ланка беа пионери за самоубиствениот елек. Тоа беше единствената терористичка организација што изврши атентат врз два светски лидери - индискиот Раџив Ганди во 1991 година и претседателот на Шри Ланка, Ранисинг Прададаса, во 1993 година. Кога беше најмоќна, ги контролираше стратегиските делови на земјата. Но спорадичните мировни разговори се распаднаа во 2006 година. Во 2009 војската на Шри Ланка ги уништи Тигрите во немилосрдна офанзива.

Трет модел е терористичката „преориентација“ кога групите ја менуваат тактиката, а понекогаш дури и влегуваат во политиката. Живеев во Бејрут кога претходниците на Хезболах го започнаа првиот самоубиствен бомбашки напад врз американската амбасада во 1983 година. 63 лица загинаа, вклучувајќи и некои од моите пријатели. 6 месеци подоцна бомбаш влегол со камион „мерцедес-бенц“ во касарната на американските мировници во Либан. 21 маринец загинале во нападот.

Една деценија подоцна Хезболах излезе од подземјето за да се кандидира за парламентот, создаде мрежа на социјални услуги и во голема мера ја прошири својата база за поддршка. Денес има места во парламентот, позиции во кабинетот, сојуз со либанскиот претседател и најголеми воени сили надвор од армијата, како и болници, училишта и агенции за социјална заштита. 

Четвртиот пат е државната репресија, најинстиктивната реакција. Функционираше против Тупамарос во Уругвај, во 70-тите. Но резултатите често произведуваат масовно уништување, ненамерни последици и мутации. Руската кампања против чеченските екстремисти направи огромни делови да бидат непогодни за живеење, а чеченските милитанти се преселија на друго место. Од 2014 година илјадници Чеченци се приклучија на ИСИС во Сирија и Ирак.

„Воените репресии често пати паѓаат во вода“, вели Џесика Штерн, коавтор на „ИСИС: Држава на теророт“, која била службеник за национална безбедност во администрацијата на Клинтон. „Дури и кога мислите дека завршиле, тие постојано се спојуваат, раздвојуваат, преименуваат. Кога одредена група е забранета или поразена во една област, таа може да се појави под нова маска, под ново име“, додава таа.

Другите терористички движења се распаѓаат како национална и меѓународна политичка динамика што ги поттикнала да исчезнат.

На крај, обезглавувањето на лидерите - со фаќање или смрт, може да ги уништи движењата. „Декапитацијата не е сребрен куршум. Понекогаш се враќа и создава маченик што може да го мобилизира јавното мислење“, вели Кронин. Убиството на Осама бин Ладен во 2011 година ѝ наштети на „Ал Каеда“, иако нејзините пет главни приврзаници сѐ уште се смртоносна закана во Северна Африка, Сирија и Арабискиот Полуостров.

Кој модел важи за ИСИС и талибанците? „Помалку сум убеден дека овие модели се однесуваат на групите со кои се соочуваме денес“, вели авторот Брајан Џенкинс. „Се соочуваме со противници кои тактички, организациски и стратешки посветиле исто толку внимание на тероризмот како што му посветуваме ние. Тие се адаптирани и како последица на тоа, многу од нив преживеале. Идејата за ставање крај на тероризмот изгледа покомплексна отколку во 70-тите години“, вели тој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top