75 години ОН: Многу предизвици, малку заедништво

Обединетите нации (ОН) ја одбележаа својата 75-годишнина во голема мера на Интернет, со смртоносна пандемија на коронавирус и тензии меѓу САД и Кина, кои ја потенцираа тешкотијата за постигнување меѓународна соработка пред глобалните предизвици..

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој зборуваше во салата на Генералното собрание, апелираше за заживување на мултилатерализмот, нагласувајќи дека пандемијата со коронавирусот „ја разгори светската кршливост“ и потребата заеднички да се решат проблемите.

„Денес имаме вишок мултилатерални предизвици и дефицит на мултилатерални решенија. Климатските катастрофи се засилуваат, биодиверзитетот пропаѓа, сиромаштијата се зголемува, омразата се шири, геополитичките тензии растат, а нуклеарното оружје останува во состојба на тревога за влакно пред активирање“, рече Гутереш.

Тој ги пофали достигнувањата на ОН, родени во пустошот на Втората светска војна за да се спречи конфликтот. „Никогаш во модерната историја не сме поминале толку многу години без воена конфронтација меѓу големите сили“, рече Гутереш.

За време на комеморацијата, светските лидери и претставници на повеќе од 180 земји дадоа триминутни претходно снимени видео изјави. Тие, исто така, се согласија за декларација во која се потсетува на достигнувањата и неуспесите на ОН, како и предизвиците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top