Ахмети: Ако не се прифатат нашите барања, земјата ќе остане без влада

Тој негира дека има некакви преговори ниту со Груевски ниту со Заев..

Лидерот на ДУИ Али Ахмети втува дека нема да ги разочара Албанците со одлуката со кого ќе влезе во коалиција за состав на новата влада, но не прецизира дали изборот ќе биде ВМРО ДПМНЕ или СДСМ.

Тој негира дека има некакви преговори ниту со Груевски ниту со Заев.

- Ќе им кажам на сите Албанци во Македонија да не стравуваат. Конечната одлука ќе ја одразува волјта на мнозинството граѓани Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела одлука која е против својот народ, изјавил Ахмети во интервју за емисијата 200 - пренесува Алсат М.

Тој не ја исклучува и можноста земјата да остане без влада ако не се прифатат неговите барања за унапредување на правата на Албанците во Македонија. Тој рекол дека кај македонските партии треба да преовлада разумот, бидејќи најштетната алтернатива за земјата е да остане без влада.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top