Ахмети-Мета: Зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета денеска се сретна со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети..

Мета, како што соопшти АТА, го оценил позитивно придонесот на ДУИ во интерес на стабилноста на Македонија и унапредувањето на нејзината европска агенда.

Тој ја истакнал важноста за целосна имплементација на Охридскиот договор, за почитување на правата на Албанците во Македонија и подобрување на атмосферата на взаемна доверба меѓу Албанците и Македонците во интерес на евроатланската интеграција на земјата.

Албанскиот претседател Мета изразил заложба за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија во интерес на двете држави и европската перспектива на регионот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top