Ахмети: На Заев и на Мицкоски им се тресат нозете од премиер Албанец

Секое ново поглавје бара нова енергија, порача од Струга лидерот на ДУИ Али Ахмети и додаде дека веќе успешно е затворено едно поглавје за Албанците, но и за државата..

– Несакајќи да елаборирам за остварувањата, бидејќи сите ги допираат и ги гледат,  и понатаму имаме уште многу работи за остварување, нашата енергија треба да ја потрошиме за подобри денови од овие што ги оставаме зад нас. Народот вели дека лошото нема крај но и добрите работи немаат крај. Се потрудивме да направиме добри работи не разочарувајќи ги нашите гласачи и воопшто Албанците претставувајќи ги достоинствено како во националната така и во меѓународната сфера и за ова ви се заблагодарувам, како и за поддршката што ни ја давате две децении по ред. Денес сме членка на НАТО, ги отворивме преговорите за членство во Европската Унија и ова е ново поглавје што се отвара и бара енергија за спроведување и оживување на стандардите кои го забрзуваат патот кон полноправнотот членство во ЕУ – рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ е оптимист дека со кадарот што го имаат во следните 5 години ќе се оствари целта за членството во ЕУ и дека нема враќање назад.

– Ќе има црвени линии за секој кој што сака да го загрозува или негира Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, за тоа враќање нема. Демократската Унија за Интеграција ги почитува челичните темели кои се воспоставени за да ги движат прашањата напред. Безкомпромисно ќе бидеме за стандардите кои треба да се воспостават како за ветингот, зголемување на квалитетот во образованието, здраството, локалната самоуправа, инфраструктура, бидејќи ако не работиме во ова насока нема да можеме да бидеме достоинствена членка на ЕУ –  истакна Ахмети.

Тој додаде дека има луѓе кои се скептични за нивните идеи, луѓе кои не веруваат дека можат да постигнат  успех, но и дека не можат да ги убедат сите, бидејќи има факти кои постојат.

– Сите Вие знаеете дека Албаните сонуваа еден Скендербег да биде во еден мал дел од ова земја и ако прашавме некого пред 30 години дека националниот херој ќе се постави среде Скопје ќе ни одговореше дека немаме памет. Денес имаме споменик на Иса Болетини и Хасан Приштина и ако некој пред некое време ќе речеше дека Талат Џафери претседател на Собранието ќе го крева знамето на НАТО, кој ќе веруваше, еден командант на Ослободителната Национална Армија? Нема да биде премиерот Албанец? Зошто да не може? Никој не ми дава одговор, а од друга страна им се тресат нозете од ова идеја –  истакна Ахмети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top