Албанскиот премиер Еди Рама нема да си поднесе оставка иако Албанија остана без датум со ЕУ

Исто како и Северна Македонија, ниту Албанија не го доби датумот за почеток на преговорите за пристапување..

Албанскиот премиер Еди Рама наведе дека проблем биле недоразбирањата меѓу неколку влијателни држави-членки на ЕУ, односно Франција, а не неспроведувањето на реформите од страна на Албанија. Рама ги отфрли гласините дека ќе поднесе оставка.

Еди Рама, Премиер на Албанија

„Процесот одеше кон судир меѓу Франција и Германија. Германија направи придвижување со надеж дека ќе дојде до компроимис поставувајќи едно НО, меѓутоа после новите средби меѓу Меркел и Макрон ова прашање било дискутирано и од негова страна немало никаков исчекор. Тој искажал некои работи уште поотворено од претходно. Франција не прифати да продолжи со процесот. Франција бара внатрешна реформа во ЕУ и трансфпормација на интегративниот процес, дури и до тоа да се дојде и нов начин за хоризонтот на интеграција.“

Албанскиот претседател, Илир Мета, смета дека ништо не е завршено, додавајќи дека очекува позитивен исчекор од државите кои биле скептични.

Илир Мета – Претседател на Република Албанија
„Се надеваме дека и скептичните земји ќе го земат примерот на Бундестагог. За преговори не може да се зборува денес бидејќи ништо не е завршено.“

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша изјави дека на Албанија ù треба лидерство за да ги исполни барањата на Бундестагот и да го реализира целосниот потенцијал за започнување преговори.

Љулзим Баша, Претседател на ДП

„Одлуката на Европскиот совет не е она што го посакувавме и се надевавме. Сега целата наша енергија и фокус треба да биде на извршување на домашните задачи. Германија постави девет услови што претставуваат патоказ за започнување на пристапните преговори.“

А, француската европратеничка Натали Лоизо, беше изненадена од тоа како може да се отворат преговори со Албанија во време кога барања за азил од Албанците се зголемени.

Натали Лоизо, Европратеничка од Франција

„Илјадници Албанци доаѓаат во Франција и бараат азил. Како можеме да отвориме преговори со Албанија? Дали сте сериозни? Албанците одат во Франција без виза, а потоа аплицираат за статус на бегалци.“

Францускиот претседател Емануел Макрон наведе дека Албанија треба да напредува и да го реши проблемот со емиграцијата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top