Амбасадорите на САД од регионот во Скопје на советување со Палмер

„Тоа е дополнителна потврда за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Северна македонија и САД“, оцени министерот Димитров..

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа приреди работен прием за амбасадорите на САД во југоисточна Европа кои во Скопје одржуваат советување под раководство на заменик помошникот на државниот секретар и специјален пратеник за Балканот Метју Палмер. 

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, Димитров изразил задоволство поради тоа што Скопје е избрано за место на одржувањето на регионалното советување на американските амбасадори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top