Анета и Џими од „Молика“ започнаа нов бизнис: На отварањето многу познати лица

Во присуство на голем број пријатели и колеги, Анета Мицевска, вокалистка на групата „Молика“ и нејзиниот сопруг Џими, фронтмен на групата, го отворија својот ресторан „Вила Молика“ во Битола..

Влатко Лозаноски – Лозано, Татјана Стефановска, Марјан Коцев, Ѓоко Јовиќ и многу други музичари беа дел од гостите на свеченото отворање, на кое Џими открил дека ресторанот одамна им бил голема желба со Анета, и како го заработиле само од музика.

За време на настанот, за микрофонот се фатиле и гостите и домаќините, а не изостанаа и комплиментите за креативно сервираната храна. Фолк групата „Молика“ постои од 1995 година и е една од најбараните во дијаспората. Редовно имаат настапи во Америка, Австралија, Канада и многу европски земји. Покрај музичката кариера, а сега и угостителството, парот има и транспортна компанија.

Лани, наместо промоција на нивното 9-то ЦД, парите предвидени за настанот ги донираа во Битола, во Домот за доенчиња и мали деца без родители. Тогаш изјавија дека во минатото направиле многу промоции, а за последниот албум се решиле да донираат, наместо да прават промотивна забава, со цел да ги мотивираат останатите граѓани и фирми да го сторат истото.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top