Асанж стана државјанин на Еквадор, што понатаму?

Еквадор издал државјанство на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој веќе пет години живее во азил во амбасадата на таа земја во Лондон..

Асанж, на свое барање, станал натурализиран државјанин на Еквадор на 12. декември, изјавила министерката за надворешни работи на таа држава, Марија Фернанда Eспиноза и истакнала дека сака со Британија да постигне достоинствено и правично решение за неговата ситуација.

Еквадор на Асанж му издаде политички азил откако тој избега во амбасадата во 2012 година, за да ја избегне екстрадицијата на Шведска поради истрага за наводни тврдења дека силувал жена.

Асанж ги отфрлил тврдењата и изразил стравување дека Шведска би можела да го испорача на Американците, каде би му се судело поради објавување на стотици илјади доверливи воени и дипломатски документи на САД.

Шведска, во меѓувреме, се откажа од барањето за екстрадиција, но тој во Британија и натаму би можел да биде приведен, бидејќи пуштањето на слобода со кауција го искористил за да побара азил.

Британскиот офис објавил дека го одбил барањето на Еквадор на Асанж, кој е роден државјанин на Австралија, да му одобри дипломатски статус.

Министерката Спиноза, исто така, изјавила стратување за животот на Асанж, поради закани кои доаѓаат од трети држави.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top