Австралиски сенатор: За масакрот во Нов Зеланд се виновни муслиманите

Додека целиот свет тагува по 49 верници , кои загинаа во две џамии во Нов Зеланд , во убиствениот напад на Австралијанецот , Брентон Таранд , австралиски сенатор за масакрот ги обвини муслиманите..

Сенаторот од австралиската држава Квинсленд Фрејзер Анинг го осуди масакрот , но рече дека тој е резултат на стравот од муслиманите кои живеат во Австралија и Нов Зеланд.

,,Вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денеска е имиграциската програма , со која на муслимански фанатици им се дозволи да се населат во Нов Зеланд.”, напиша 69 годишниот сенатор во своето официјално соопштение.

,,Нека ни биде дека , додека денеска можеби муслиманите беа жртви , но обично тие се извршители. Низ целиот свет муслиманите убиваат луѓе во ием на својата вера во огромни размери.” Сенаторот го спореди исламот со фашизам и смета дека ,,следбениците на таа дивјачка религија иако не се убијци во овој случај , тоа не ги прави безгрешни”.  

По вакавите наводи во официјалното соопштение на австралискиот сенатор , огромен број луѓе во светот , како и во Австралија побараа веднаш да си поднесе оставка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top