Азар на пат кон Мадрид: По 6 убави години во Челси, време e за нешто ново!

Белгија денеска славеше во битката на „ранетите“ за 3. место и бронзениот медал на СП во Русија, против селекцијата на Англија со 2:0..

Новинарите веднаш по доделувањето на медалите, им се нафрлија на играчите да ги прашуваат за нивната иднина.

Неизбежна тема беше Еден Азар и евентуалното негово заминување во Мадрид. Тој беше доста директен, па можеби најави и разделба со Челси според тоа што го рече.

„По 6 убави години во Челси, можеби е време да се случи нешто поразлично, нешто ново. По ова СП, можам да одлучам дали ќе останам или заминувам. Последниот збор ќе го има Челси, ако ме сакаат ќе останам, во спротивно, имам опција, ја знаете веќе мојата посакувана дестинација“, порача Азар.

Доколку дојде до официјална понуда, Челси веќе се огласи дека под 200 милиони евра нема да слушаат понуди, па евентуално ако се дојде со таа цифра, само тогаш Реал ќе го добие Белгиецот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top