Бачев: Мицкоски и Заев се два столба на една фудбалска статива кои ја рушат Македонија

Заев го брише името на државата, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но од друга страна Мицкоски го прифаќа предавството и вели дека нема да ги поништува антимакедонските договори, изјави Јанко Бачев.

„Мицкоски не застана со народот на бојкот на референдумот и не се приклучи на протестите и блокадите против промена на на Уставот. Мицкоски му позајми на Заев 8 пратеници за да се изврши националното предавство. Милион и двесте илјади македонци кои го бојкотиравме референдумот, Мицкоски не’ нарече фекалии. Ова се сите аргументи од кои можеме да заклучиме дека Заев и Мицковски се како два столба од една фудбалска статива кои цврсто се држат и ја рушат Македонија. Ако се тргне од стативата едниот дирек Мицкоски, ќе падне другиот дирек Заев, но Мицкоски е потпорен столб на Заев и ниту еднаш не се приклучи со народот за да падне Заев. Затоа, гласот за Мицкоски на овие избори е глас за Заев, а глас за Заев и Мицковски на овие избори е глас на националното предавство и грабежот“, рече Бачев.

Тој додаде дека со  „Единствена Македонија“ во парламентот се’ ќе биде поинаку.

„Убеден сум дека народот е свесен дека нема повеќе право на грешка и дека ќе одбере национална и патриотска партија во која може да и верува. Потребна е патриотска партија, потребна е “Единствена Македонија”во парламентот. На 15-ти јули ќе си ја вратиме државата назад, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислила механизмите како се прави добра држава со висок стандард, потребни се само чесни политичари. Мојата 28 годишна, професионална кариера без ниту една криминална дамка, повторувам без ниту една криминална афера е силен аргумент да ја побарам довербата од вас на изборите, гордо и со крената глава“, рече Бачев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top