Барса си најде засилување, пристигнува играчот кој му стана голем ривал на Ибрахимовиќ

Идеално засилување за на пролет, не би му требало време за да се вклопи, а може да игра на повеќе позиции..

Според информациите на медиумите од САД, Барселона на сите начини се обидува да го доведе Карлос Вела. Мексиканецот е еден од најдобрите играчи во МЛС лигата, во четвртокот неговиот Лос Анџелес го елиминираше градскиот ривал ЛА Галакси се проби до финалето на западната конференција.

Вела, кој игрaше за Реал Сосиедад, а пројде дел од фудбалската школа во Арсенал, оваа сезона на 31 натпревар постигна 34 гола и додаде 15 асистенции.

Тој му стана голем ривал на Ибрахимовиќ сезонава, Швеѓанецот го исмеваше кога медиумите го споредија Вела со него, но на крајот Мексиканецот последен се смее и победи во директната битка со својот нов голем ривал.

А потоа би можело да пристигне и награда.

Имено, планот на Барселона е да го засили нападот, да го земе Вела на позајмица. Тој не би имал проблем со прилагодувањето, би играл од јануари до крајот на сезоната за Каталонците, па потоа би се вратил во САД каде има договор на уште две години.

„Се надевам дека е точно, кој не би сакал да игра за Барса“, изјави 30-годишниот Вела за можниот трансфер.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top