Барселона го договорила екс играчот на Реал, но Меси бил против?

Во Барселона сигурно нема да сакаат да се сеќаваат на изминатиот трансфер период, кој иако им донесе неколку нови играчи, и ново засилување по рекордна трансфер сума, сепак задоволствата не се на потребното ниво..

Каталонците останаа без Нејмар, но и без големата желба, Филипе Кутињо, и сигурно дека навивачите не се задоволни.

Но навивачите знаат дека клубот има проблеми и во одбраната, и токму тоа е еден од проблемите од кои стравуваат сезонава.

Како што пишува Don Balon, Барселона стапила и во контакт со германскиот репрезентативец Месут Озил, со кој начелно договорила дел од условите кои тој ги побарал, и останало само да се договори обештетување со Арсенал.

Но веројатно тогаш во приказната влетал и Лео Меси, кој им порачал на луѓето во својот клуб, дека Озил не го смета за доволно добро засилување за клубот.

Озил во Арсенал влезе во последната година од договорот, и доколку не го продолжи во следните неколку месеци, Арсенал нема да добие ниту фунта обештетување на лето доколку тој замине.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top