Бејл денеска ќе биде претставен во Тотенхем, ама не доаѓа во Скопје

Тотенхем е следен противник на Шкендија во квалификациите од Лигата Европа и во македонската престолнина треба да гостува претстојниот четврток..

Синоќа едвај го победи Локомотив Пловдив, беа потребни два црвени картона за домашниот тим за Спарс да дојде до пресврт во последните десетина минути од мечот. Тотенхем прво го очекува гостување кај Саутемптон в недела од 13 часот, а потоа доаѓа во Скопје, на пресметка со Шкендија.

Против Локомотив, Тотенхем играше без Регуилон и Бејл кои официјално уште не се играчи на лондонскиот тим, но треба да потпишат во текот на денешниот ден. Регуилон најверојатно ќе дојде во Македонија, но Бејл нема затоа што не е во добра физичка форма и Мурињо не сака да ризикува со него. Информациите од Англија се дека тој претстојните две недели ќе биде под посебен режим на тренинзи за да може што побрзо да заигра во Премиер лигата.

Бејл не присуствуваше на почетокот од подготовките на Реал, не играше ни во завршницата од Ла Лига и е далеку од вообичаениот натпреварувачки ритам. Единствените настапи последните три месеци ги забележа во дресот на велшката репрезентација, во рамките на Лигата на нации. Неговото претставување е планирано за денеска, а потоа има и закажан голф-меч со спортскиот директор на Тотенхем, Даниел Ливај.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top