Беневенто го суреди Милан – Гатузо имаше што да каже на пресконференцијата

Тимот на Џенаро Гатузо оваа сезона запиша неславен податок, односно дека идниот клуб кој ќе игра во Серија Б, Милан е единствената екипа која во два сезонски меча, не успеа да запише победа..

Синоќа Милан беше поразен на „Сан Сиро“ со 1:0, а Џенаро Гатузо таа игра на своите избраници ја опиша како неславна и засрамувачка.

Во Милан претходното лето беа вложени значителни средства, но сето тоа не се покажува на дело, а Милан со овој пораз е далеку од ЛШ како од ѕвездите, па единствено на што може да се надева е Лига Европа.

Кога играте без душа на терен, ви се случуваат вакви работи, ова изгледаше засрамувачки. Јас сум првиот човек во клубот кој е одговорен за нва. Дури и да изнајдеме алиби по анализата, сето тоа ќе падне во вода. Дури и против тимови како Беневенто, кои сепак играат добар фудбал, иако се последни, кога играте без душа, неможе да се надевате на успех“.

Неможам да се појавам пред вас и да зборувам нешто што не е вистина. Факт е дека не играме добро, дека страдаме. Дури нашите противници не треба да сторат ништо спектакуларно зада не победат. Не можам да кажам дека немаме мотивација, се уште се бориме за Лига Европа, ние сме Милан, секогаш играме на победа“, истакна Гатузо.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top