Бочварски: Заедно со централната власт ќе направиме многу за Штип

Кандидатот за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, заедно со претседателот на Владата, Зоран Заев, остварија средба со граѓани, разговараа за проблемите и понудија решенија со кои што ќе се зафатат во наредниот период..

Бочварски зборуваше за неколку проекти што се однесуваат за штипската населба Сењак, проекти кои што ги има во изборната програма, а тоа се енергетски ефикасни објекти, енергетски ефикасни фасади, што значи заштеда на енергија до седумдесет проценти на секоја зграда.

– Друг проект кој што е многу важен е изградба на градинка во населба Сењак, која што ќе биде по сите европски и светски стандарди и ќе биде еден нов момент за да ги задржиме и младите овде, да можат младите да се образуваат, да го започнат своето образование, во едни нормални, убави средини во нашиот град. Затоа што градинка во Штип многу одамна се нема изградено – рече Бочварски. 

Зборувајќи за подобрување на инфраструктурата и нови соообраќајни решенија, подобрување на осветлувањето и уште многу други проекти, Бочварски повика на поддршка од граѓаните во вториот круг за победа и целосно освојување на локалната власт во Штип.

– Советот на општината веќе го освоивме, редно е и градоначалникот да биде од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и заедно со централната власт да направиме многу за нашиот град – рече Благој Бочварски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип.

Претседателот на СДСМ спомна неколку капитални проекти, како што се браната, гасификацијата на Штип, затворениот базен, инфраструктурните проекти кои што се децидно наброени во Програмата на Благој Бочварски.  

– Јас сум убеден дека со ваков човек, којшто директно е мој пријател, мој потпретседател на партијата, млад, енергичен, живее со огромна љубов да се вгради во Штип, да блеска Штип како што си е редот, убеден сум дека доаѓаат сериозни убави перспективи, за сите граѓани коишто живеат во Штип, без разлика на нивната определба, етничка, партиска, верска или каква било друга, верувајќи дека заврши времето на политиканство на поделби помеѓу граѓаните. Тоа буквално завршува на 29ти октомври. После тоа работиме во интерес на сите граѓани на општина Штип, на сите граѓани на Република Македонија – рече Зоран Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top