Бојан Јовановски e вратен во Шутка по укажаната лекарска помош во ГОБ „8 септември“

Првоосомничениот во Рекет, Бојан Јовановски од Обвинителството каде требаше да даде исказ поради влошена состојба беше пренесен во болницата Осми септмеври. Дали и кога ќе даде исказ засега нема информации..

Спроведен од истражниот затвор Шутка во обвинителството напладне, сепак Боки 13 не даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска за случајот Рекет. Дваесетина минути по неговото пристигнување, во зградата каде што се наоѓаат канцелариите на обвинителката дојде и брзата помош. Јовановски во меѓувреме повраќал и изгубил свест.

Адвокатот Сашо Дуковски накратко раскажа дека во обвинителството се соочиле со непријатна сцена. Јовановски извесно време воопшто не бил контактибилен.

Од обвинителството Јовановски беше изнесе со количка.. Но во моментот додека го симнуваа, новинарските екипи беа изненадени од непристојниот гест на припадник на затворската полиција. Од истражниот затвор подоцна потврдија дека затворскиот чувар е суспендиран а против него е покрената дисциплинска постапка.

Боки 13 заврши во ГОБ 8ми Септември. Таму му била укажана лекарска помош а во текот на денот ќе биде спроведен назад во притвор. Кога ќе даде исказ во Обвинителството засега не се знае.

Во меѓувреме екс шефицата на СЈО Катица Јанева која што е третоосомничена одлучи да не дава исказ пред Русковска. Од нејзиниот адвокатски тим велат дека може да се премисли во понатамошниот тек на постапката.

Осомничената Катица Јанева нема да даде свој исказ во оваа фаза. Но има право тоа да го стори во текот на понатамошната постапка и тоа исклучиво на барање на одбраната но дали тоа ќе го стори ќе одлучиме понатаму.

Откако Кривичен го отфрли барањето на Јанева за укинување на притворот таа сега ја чека одлуката по нејзината жалба на Апелација а дека нема да побегне гарантираше со движен и недвижен имот.  Судот во следните денови ќе одлучи дали за Јанева ќе се прифати одредување на поблага мерка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top