Брисел е подготвен за одлагање на брегзит

ЕУ ќе одобри одлагање на брегзит и по 31 октомври ако британскиот премиер, Борис Џонсон упати такво барање, но блокот нема да го направи првиот чекор.

Претставници на 27 членки на Унијата ќе се состанат утре за да го разгледаат најновиот развој на настаните. Џонсонпретходно во обраќање до пратениците рече дека не верува дека ЕУ ќе понуди дополнително одлагање и дека нема за тоа да преговара.

Но, претставниците на ЕУ рекле дека било јасно за време на дискусијата на лидерите на самитот дека ќе одобрат продолжување на рокот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top