Британија: И понатаму повеќе од 6.000 заразени на дневно ниво

Во Велика Британија се забележани 6.042 нови случаи на Ковид-19, од чии последици починале 34 лица..

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле 429.277 луѓе, додека од последиците на заразата до сега починале 41.971 пациент, пишува „Гардијан“.

Во петок во Велика Британија е пријавен нов рекорден број на заразени во еден ден- 6.874, додека претходниот рекорд е забележан во четврток, кога коронавирус е потврден кај 6.643 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top