Бугарија сака фабрика на Tesla

Несомнено е дека Tesla е еден од најголемите инвеститори..

По фабриките во САД, Германија и Кина, засега нема јавно достапни информации дека американскиот производител планира нови фабрики, но затоа министерот за економија на Бугарија има таква желба.

Медиумите во нашиот источен сосед пренесоа дека Емил Караниколов има амбиции и цели насочени кон привлекување на инвестициите на Tesla во оваа земја.

“Имаме две амбиции. Првата е производство на автомобили, а другата производство на батерии за електрични автомобили” изјави Караниколов за бугарскиот портал 24часа. Според Караниколов, Бугарија е спремна да прифати било какви инвестиции од страна на Tesla.

Министерот откри и дека веќе е испратено писмо до европската дивизија на Hyundai Motor Company, исто така за привлеквуање на инвестициите на овој производител во Бугарија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top