Бура во Јунајтед: Алексис не замина на подготовките во САД поради затворска казна

На самиот старт од почетокот за новата сезона, Манчестер Јунајтед се соочи со првите проблеми..

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес не замина со остатокот од екипата на турнејата низ САД каде англискиот вицешампион треба да одигра пет пријателски натпревари.

Веднаш се појавија низа шпекулации, но Манчестер Јунајтед објави дека станува збор за административни проблеми. Алексис Санчес не можел да добие виза за влез во САД, а британските медиуми тврдат дека причина за тоа е пресудата на шпанскиот суд за затајување данок во износ од околу еден милион евра.

Искусниот напаѓач е осуден на 16-месечна казна затвор која е преиначена во условна, а Санчес се согласил да ги врати парите на шпанскиот власти.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top