Челзи го подигнува влогот за Каи Хаверц, на продажба дури шест играчи

Френк Лампард ги воодушеви навивачите во сезоната во која се потпре на играчите од сопствените редови..

Воодушеви потоа и управата кога откри дека успеа да го ангажира Тимо Вернер, а претходно и Хаким Зијех. Но, тоа би можело да биде само вовед во бомбастичната завршница каква што би претставувал договорот со Каи Хаверц. Младиот ас на Баер Леверкузен веќе подолго време е мета, го селеа медиумите и во Баерн и каде се не, но Лампард по се судејќи е решен да го подигне влогот за да го доведе во своите редови.

Според информациите на островски „Сан“, Лампард на управата соопшти дека е подготвен да се откаже од дури шестмина играч со чија продажба би можел да се финансира престојниот преоден рок.

Станува збор за Миши Бачуаи, левите бекови Маркос Алонсо и Емерсон Палмиери, играчите за врска Дени Дринквотер, Тијему Бакајоко и Кенеди.

Јасно е дека нема да можат да си заминат сите. Еден од левите бекови секако ќе си оди, но тогаш ќе биде потребна и замена, а одамна се пишува дека Челзи е подготвен да тргне по Бен Чилвел од Лестер, а како поевтина опција го гледа Николас Таљафико од Ајакс.

Дринквотер, Бакајоко, Кенеди, Бачуаи, особено по доаѓањето на Вернер, навистина се вишок. Само треба да се најдат клубови кои ќе сакаат да ги платат и имаат пари да ги задоволат амбициите на Челзи. За нив четворица, „Сините“ веројатно би добиле повеќе од 50.000.000 евра, но сепак… Чилвел и Таљафико не се така евтини и можеби нешто ќе мора да остане за лев бек.

И сето ова е далеку од реализација, бидејќи спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер, и понатаму сака да го задржи Хаверц на уште една година и затоа не е подготвен да го пушти за помалку од 100.000.000 евра.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top