Чулев: Досега вкупно 502 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето

Граѓаните се совесни и генерално ги почитуваат владините мерки, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев..

Тој кажа дека  полицискиот час од воведувањето досега не го почитувале  502 граѓани, од кои најголемиот број 459 се на возраст од 18 до 67 години, 26 лица не се полнолетни, а 18 се над 67 годишна возраст, а само во последниото оваа мерка ја прекршиле 94 гарѓани.

Досега приведени се 199 луѓе, од кои 14 се до 18 години, опоменати се 136 луѓе, а за 167 се преземаат дополнителни мерки.

До денеска од 26ти февруари издадени биле вкупно 1620 решенија за изолација,потпишани се 9025 изјави за почитување на самоизолацијата.

Министерот Чулев информираше дека во текот на вчерашниот ден преку хуманитарните конвои од Малме и Загреб се вратени 290 патници, а денеска се очекуваат два авиони од Љубљана и Минхен и дека сите овие луѓе се сместуваат  во задолжителен карантин.

“Во моментов вкупно  1082 грѓаани се сместени во државен карантин. Во моментов 19 објекти се за приспособени за оваа намена, а распоредот го прави Генералниот секретаријат на Владата. “ рече министерот.

Чулев рече дека можно е во наредниот период Владата да заземе став за луѓето коишто живеат во згради и имаат миленици, на одредено растојание од објектите да можат да излегуваат со нивните миленичиња со цел извршување на нужните потреби.

Ова доаѓа откако во изминатите денови граѓаните побараа да им биде дозволено да ги прошетаат милениците и за време на полицискит час.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top