Црна Гора - Првата лига во Европа која продолжува со навивачи на трибините

Како ќе бидат рапределени фановите останува да видиме викендот што доаѓа..

Шампионатот во Црна Гора ќе продолжи во сабота, но за разлика од останатите првенства во Европа, во оваа земја стадионите ќе бидат отворени за фановите. Оваа одлука ја соопшти премиерот, Душко Марковиќ.

„Фудбал ќе се игра пред навивачи, но со ограничен број и посебни мерки“, истакна Марковиќ.

Во Црна Гора ќе продолжи само фудбалскиот шампионат, откако претходно беше ставен крај на ракометното и одбојкарското првенство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top