Дали е ова почеток на војна? Американците го возвратија ударот и соборија ирански дрон!

Портпаролот на Пентагон синоќа го потврди инцидентот, додавајќи дека тоа се случило во 10:00 часот по локално време, додека американскиот воен брод “USS Boxer” се подготвувал да помине низ Хормушкиот теснец во водите на Персискиот залив..

Соединетите Американски Држави вчера соборија иранско беспилотно летало над Хормушкиот теснец, откако опасно се приближило до американскиот воен брод, потврди Доналд Трамп. Американскиот претседател додаде дека иранскиот дрон се приближил на помалку од 1000 метри од бродот “USS Boxer” кој извршил „одбранбена акција“.

„Беспилотното летало е уништено“, порача американскиот претседател и ги повика и другите земји да го осудат Иран и да ги заштитат своите бродови.

„Ова е само последниот во низата на провокативни и непријателски ирански потези против пловилата во меѓународни води. Америка го задржува правото да ги брани своите интереси и ги повикува сите држави да ги осудат иранските настојувања да ја попречуваат слободната пловидба и глобалната трговија“, порача Доналд Трамп.

Иранците на 20-ти јуни соборија американски дрон за кој што тврдат дека летал во иранскиот воздушен простор, исто така над Хормушкиот теснец. Доналд Трамп два дена после нападот во последен момент ги откажал воздушните удари на Иран со цел да спречи човечки жртви, притоа заканувајќи им се на властите од Техеран дека ќе сносат последици за рушењето на дронот.

Соборувањето на иранскиот дрон од страна на американската воена морнарица би можело уште повеќе да ги влоши односите помеѓу Вашингтон и Техеран, додека истовремено поради американските санкции практично пропаѓа иранскиот нуклеарен договор.

Најновиот инцидент доаѓа еден ден подоцна откако иранските власти соопштија дека заплениле транкер за кој што тврдат дека криумчарел нафта во Персискиот залив, иако засега не е познато чиј е запленетиот танкер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top