Данската легенда: Македонија може да ги победи и најдобрите, но за полуфинале мора да се надминe

Македонија е меѓу главните теми на разговор на ЕП во Хрватска, а сега на тапет се најде и пред една од најголемите легенди на Данска, Ларс Кристијансен..

Некогашното лево крило смета дека нашиот национален тим е способен да победи секој, но за да успее ќе мора да се надмине.

„Македонија за мене не е изненадување. Тие играат она што го играт и години наназад. Сите знаат дека тие така играт и дека се добар тим, способни да ги победат и најдобрите. Но нивниот проблем е што не играат со 16 играчи, кратка им е ротацијата што значи дека многу се трошат. Не се баш млада екипа, но тоа не значи дека е недостаток. Од моја перспектива, Данска мора да ја победи Македонија, нема дилеми. Ништо не е невозможно, но Македонија за да успее да игра во полуфинале мора да играт многу, многу добор. Над своите реални можности“, изјави Кристијансен.

Данска и Македонија силите на ЕП ќе ги одмерат во последното коло од втората фаза. Пресметката се игра во Вараждин, во среда со почеток од 18:15 часот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top