Де Бур пред отказ: Ваков дебакл никогаш порано не се случил во Премиер лигата

Кристал Палас и менаџерот на оваа екипа Франк де Бур денеска влегоа во историјата на Премиер лигата, но сигурно нема да сакаат многу да зборуваат за тоа „достигнување“..

Во четвртото коло од првенството, Палас е поразен на гости кај Барнли со 0-1 со гол постигнат уште во четвртата минута. Со тоа лондонскиот тим остана без ниеден бод по првите четири кола и притоа уште не постигнал гол. Такво нешто не се случило во историјата на Премиер лигата која во ваков формат се игра од 1992 година.

Земајќи ја предвид целата историја на елитниот ранг на англискиот фудбал, последен тим кој ги загубил првите четири натпревар без притоа да постигне гол на нив е Престон во 1924 година, а истото им се случило уште на Дерби во 1899 и Стоук во 1906 година.

Ваквиот ефект е кулминација на лошите резултати на Де Бур откако си замина од Ајакс чиј тренер беше од 2010 до 2016 година. Со тимот од Амстердам освои четири титули во Холандија, но лани имаше неуспешен престој во Интер каде доби отказ по два месеци, а сега му се заканува истата судбина во Кристал Палас.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top