Додик: Оставката на Харадинај личи на фарса

По повод оставката на Харадинај, претходно вечерва Додик во Белград се сретна со српскиот претседател и неговите соработници..

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави вечерва дека оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај „личи на фарса“, која треба да биде основа за „дополнителен притисок врз Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ“.

Тој потсети дека на Харадинај порано не му било пресудено во Хашкиот трибунал, а сега е „повикан на нешто што треба да биде слично“.

Додик смета дека „сите заедно треба да се посветат на ова прашање“ и очекува „косовското решение да се постави како сесрпско“.

Според него, во овој момент околу Вучиќ треба да се соберат сите политички, национални и државни фактори во Србија. Тој оцени дека Вучиќ е „тврд преговарач“ и нема да им наштети на српските национални интереси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top