Досега обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус..

Крвна плазма може да донира секое лице кое има оздравено од ковид-19.

„Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, додава Филипче.

Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува конвалесцентна плазма.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top