ДПА ја бара Финансиска полиција за да следи трансфери на „црни пари“

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, на вчерашната средба со првиот човек на СДСМ Зоран Заев околу формирање на владина коалиција, ја побарал Финансиската полиција од колачот на власта, ако Заев успее да состави влада, објави албанскиот портал Газета Експрес..

Газета Експрес наведува дека на лидерот на ДПА оваа институција му е потребна за да влезе во трага на трансферите на пари од Иран и од Катар.

По вчерашната средба официјално беше соопштено дека на средбата, ДПА прифатила постизборната коалиција со СДСМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top