Две илјади навивачи на Ајакс доаѓаат на натпревар на англиски четвртолигаш?!

Близу 2.000 навивачи на Ајакс во живо ќе го следат мечот за трофејот на Фудбалската лига на Англија меѓу Лејтон Ориент и Брајтон У21 кој е на програмата на 5. ноември..

Таа вечер „Копјаниците“ гостуваат на „Стемфорд Бриџ“ во рамките на Лигата на шампионите, но откако УЕФА му забрани на Ајакс да продава влезници за гостинскиот натпревар со Челзи по инцидентот во Валенсија, голем број фанови на шампионот на Холандија ќе мораат да си пронајдат друга забава бидејќи однапред го имаа платено патот и резервираа хотели во Лондон.

Навивачите на Ајакс со недели бараа погоден натпревар кој би можеле да го гледаат, а изборот падна на мечот помеѓу членот на четвртата лига (Лига 2) и резервниот тим на премиерлигашот.

Шпански „АС“ пренесува и дека Лејтон Ориент со задоволство ја прифатил оваа идеја, особено бидејќи првично се очекувале помелку од илјада луѓе на „Бризбејн Роуд“ таа вечер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top