Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои ќе се одржат на 12 април годинава..

Од прес-службата на Собранието информираат дека Џафери во текот на утрешниот ден ќе даде изјава за медиумите, по повод потпишувањето на решението.

Собранието попладнево се распушти, откако претходно беа донесени неколку закони меѓу кои и Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот за јавни обвинители.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top