Џафери: Oбезбедувањето на Собранието треба да биде самостојно

Тој вели дека и претходните парламентарни состави се обидувале, но тие немале општ систем на регулација на државните службеници.

„Ние скоро две години работиме со Владата и двете министерства. Намерата не е ние да докажуваме дека сме апсолутно издвоени од целиот систем, туку да се има координација и самостојност при одлучувањето во односните општи правила кои што се пропишани со системскиот закон. Врз база на тие аргументи успеавме да ги решиме овие проблеми“, вели за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.

Тој вели дека и претходните парламентарни состави се обидувале, но тие немале општ систем на регулација на државните службеници, на предусловите за прием, за унапредување, значи немаше систем воопшто, како целина, како закон, туку секоја институција работеше врз база на сопствен закон. „Сега со законот за државни и јавни службеници имаме обединет систем на државната служба и онаму каде што има специфични форми се доуредува како што е случај со Собранието. Идејата за собраниско обезбедување постои и ние активно работиме и на тој дел околу осамостојување на Собранието, но имајќи предвид на специфичноста и овластувањето кое што го има обезбедувањето и фактот дека сега за сега тие доаѓаат од Министерството за внатрешни работи и се ставени под капа на Собранието, според мене проблемот во функционирањето на внатрешното обезбедување е во дуалноста на наредбодавните овластувања кои што ги има претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи или раководителот на секторот за обезбедување на лица и објекти“, вели Џафери.

Во тој дуализам се случува обезбедувањето да добива една задача од претседателот на Собранието, а од друга страна од друго лице да добива друга наредба и да ја извршува наредбата која што ја добил од МВР, поради тоа што според законот за служба и внатрешни работи тие се функционално и наредбодавно потчинети со министерството за внатрешни работи, изјави Џафери.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top