Експлозијата во Бејрут го одложи изрекувањето на пресудата на терористите од Хезболах

Судот формиран од страна на Обединетите нации ја одложи казната за четворицата членови на екстремистичката група Хезболах..

Одлуката е донесена од почит кон жртвите од синоќешната катастрофална експлозија во центарот на Бејрут, во која загинаа најмалку 135 лица, десетици се водат како исчезнати, а повеќе од 5.000 се повредени.

Пресудата пред Специјалниот трибунал за Либан, чие седиште е во Холандија, беше закажано за петок, а сега е одложено за 18 август.

Трибуналот соопшти дека одлуката за одложување е донесена „од почит кон безбројните жртви од разорната експлозија што избувна во Бејрут на 4 август“ и поради тридневната жалост во Либан.

Судот изрази „солидарност со либанскиот народ во овие тешки времиња“.

Харири беше убиен во напад со бомба на 14 февруари 2005 година во Бејрут.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top