Ердоган и Трамп ќе ги зајакнуваат врските и регионалната безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа и се согласија да продолжат да работаат на зајакнување на односите и регионалната безбедност, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава..

– Укажувајќи на стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД, двата лидери го истакнаа значењето на понатамошната заедничка работа на понатамошното интензивирање на билатералните односи и стабилноста на регионот, се посочува во соопштението.

Ердоган и Трамп, исто така се договорија да се сретнат во Њујорк, на седницата на Генералното собрание на Обединети нации.

Односите меѓу САД и Турција се тензични поради поддршката на Вашингтон за курдските припадници на милицијата Единици за заштита на народот, која според официјална Анкара е терористичка група, а се бори против Исламска држава во Сирија.

Турција е „разочарана“ од САД и поради одбивањето на Вашингтон да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на минатогодишниот неуспешн државен удар. Ѓулен повеќе години живее во егзил во САД.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top