Ердоган побара од Нов Зеланд да воведе смртна казна: Ќе платите за смртта на нашите браќа

Турскиот претседател Реџеп Tаип Ердоган побара од Нов Зеланд да воведе смртна казна по масакрот во џамиите во Крајстчрч..

Ердоган предупреди дека Турција ќе се погрижи за извршителот на масакрот, доколку Нов Зеланд не може. Австралиецот Брентот Тарант уби 50 верници во две џамии во Крајстчрч за време на петочната молитва.

„Исполнети со омраза, убивте 50 наши браќа. Ќе платите за тоа. Ако тоа не го направи Нов Зеланд, ние знаеме како на овој или на оној начин ќе платите за ова злосторство.“, рече Ердоган на изборен митинг на северот на Турција. Не објасни на кој начин има намера тоа да го изведе.

Тој само рече дека е грешка што пред 15 години Турција ја укинала смртната казна , додека Нов Зеланд би требало да ја воведе во својот кривичен систем.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top