Евакуиран центарот на Берлин поради бомба од Втората Светска Војна

Голем дел од центарот на Берлин, вклучително и главната железничка станица беа евакуирани денеска со цел да се детонира бомба од Втората Светска Војна..

Полицијата ги евакуирала сите згради во радиус од осумстотини метри, а во прекин е и градскиот сообраќај во тој реон.

Британската бомба тешка 500 килограми беше откриена за време на изведување на градежни работи во зграда во текот на оваа недела. 

По повеќе од 70 години од крајот на војната во Германија се уште се пронаоѓаат повеќе од 2000 тони на бомби и муниција секоја година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top