Еве како се пресметуваат гласовите од публиката на Евровизија

До 2008 година на Евровизија одлучуваа само гласовите на публиката од сите земји учеснички. Потоа, ова се смени кога некои држави одлучија да го повлечат своето учество поради тоа што неправедно соседи си делеле гласови меѓу себе..

Од 2009 година победникот го одбираа 50 отсто гласовите од публиката и 50 отсто гласовите од стручното жири, чии гласови се собираа. Од 2016 година, жирито и публиката си даваат посебни оценки. Ако на пример 43 земји се натпреваруваат (максималниот број на земји-учеснички), максимум поени една земја што може да ја добие се 1.008 (42 земји да ѝ дадат 12 поени и од жири и од публика).

На десетте најдобри песни им се доделуваат поени во рангот од 1 до 8, 10 и 12. Ист е редоследот и за поените од жирито и од публиката, со тоа што поените од телевоутингот на крајот се соопштуваат збирно – за секоја земја се соопштува збирот на поени што ги добила од сите земји учеснички од каде гласала публиката.

Ако се случи две песни да имаат ист број гласови, предност има таа што има повеќе од публиката.

Според Википедија, некои земји гласаат во блокови, односно ако тие се во политички алијанси или имаат слична култура па им се допаѓаат слични песни и слично. Некои земји се дефинирани на овој начин, па редовно си даваат високи поени.

  1. Грција, Кипар и Бугарија
  2. Турција и Азербејџан
  3. Австралија, Малта, Ирска и Велика Британија
  4. Австрија, Германија и Швајцарија
  5. Холандија и Белгија
  6. Анодра, Португалија и Шпанија
  7. Албанија и Италија
  8. Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд
  9. Естонија, Латвија и Литванија
  10. Романија и Молдавија
  11. Македонија и Албанија
  12. Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија, Хрватска
  13. Белорусија, Украина, Русија, Азербејџан, Ерменија, Грузија и Молдавија
  14. Унгарија и Србија

Некои земји си даваат поени на своите соседи, дури и ако не се дел од гласачките блокови, на пример Финска и Естонија, Германија и Данска.

Оваа година нашата земја имаше 295 поени во финалето и заврши на осмото место. Според жирито, бевме на второ место со 237 поени. Од жирито по 12 поени, Тамара Тодевска и „Proud“ добија од Албанија, Австрија, Молдавија, Србија, Швајцарија и од Велика Британија.

Според телевоутингот, имавме 58 поени и се најдовме на 12-то место. Од телевоутингот 3 поени добивме од Азербејџан, 5 од Малта, 1 од Холандија, по 6 од Црна Гора и од Албанија, по 2 од Шведска, Грузија и од Швајцарија, 7 од Хрватска и по 12 од Србите и Словенците.

Од жирито, осум добивме од Исланд, Латвија, Азербејџан и Полска, пет од Португалија и Ирска, три од Малта и Холандија, еден од Сан Марино и Грција, десет од Данска и Хрватска, Норвешка, Италија, Унгарија и Ерменија, седум од Црна Гора, Германија, Романија, Австралија, Чешка, Франција и Финска, четири од Русија, два од Словенија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top