Европа има доволно простор за ветерни турбини што ќе го напојуваат целиот свет

Европа има доволно простор да создаде милиони ветерни турбини што би можеле да го напојуваат целиот свет до 2050 година, пишува во нова научна анализа..

Меѓународен тим на истражувачи вели дека има 4,9 милиони квадратни километри површина - 46 отсто од вкупното земјиште на Европа, што би биле соодветни за ветерни турбини, според трудот објавен во „Енергетска политика“. 

Изградбата на 11 милиони дополнителни ветерни турбини би можела да создаде 497 ексаџули моќ, што ќе ги снабди светските енергетски потреби до 2050 година, кога се очекува да има глобална побарувачка од 430 ексаџули. 

Постигнувањето на оваа цел би значело засилување на копненото производство на ветерни фарми. Научниците велат дека треба драстично да ја зголемиме енергијата на ветерот за да избегнеме климатска катастрофа. 
1

Фото: University of Sussex / Aarhus University- Истражувањето не е план за развој, туку водич за креаторите на политиките што укажува на потенцијалот колку многу може да се направи и каде се главните можности - изјави коавторот Бенџамин Совакул, професор по енергетска политика на Универзитетот во Сасекс. 

- Не велиме дека треба да инсталираме турбини на сите идентификувани места, но истражувањето покажува дека постои огромен потенцијал на ветерна моќ низ цела Европа - додава тој. 

Научниците анализирале податоци од Европската сателитска програма „Коперник“ и атласите за брзина на ветерот. Исто така, тие користеле податоци од географскиот информативен систем за да ги најдат областите што не можат да бидат соодветни за ветерници, како што се патишта или области со ограничен пристап поради воени или политички причини. 

Големи делови од Западна Европа се зрели за копнени фарми затоа што имаат ветер со добра брзина и рамно земјиште. Истражувачите велат дека Турција, Русија и Норвешка имаат огромен потенцијал за вакви фарми. 

- Еден од најважните наоди на истражувањето, покрај фактот дека европскиот копнен потенцијал за ветерни фарми е поголем од претходно проценетото, е и дека ја олеснува можноста за државите да го испланираат својот ефикасен развој на ветерни фарми, со што ќе им се олесни патот кон целосно чиста, обновлива енергија - вели Марк Џејкобсон, професор по инженерство на Универзитетот „Стенфорд“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top