Евровизија 2019: Триумф на Холандија, одличен настап и пласман на Тамара Тодевска

Холандија по 44 години повторно ќе организира избор за песната на Евровизија..

Нејзиниот претставник Данкан Лоренс, со нумерата „Аркаде“, собра вкупно 492 бода од стручното жири и публика и победи на годинашната манифестација во Тел Авив. Музичкиот спектакл во Израел го збогати американската поп ѕвезда Мадона која неколкуминутниот настап го наплати со 1,5 милиони долари.

Одличен настап, и сценски, и резултатски и во генералниот пласман, забележа Тамара Тодевска која на крајот го освои осмото место со 295 бода. Но, песната „Прауд“ беше конкурентна за севкупна победа до последен момент.

Во најголем дел од јавувањата од телевизиските центри беше во убедливо водство што го презеде по 13 јавување, а на крајот заврши на второто место со два бода помалку од Шведска по изјаснувањето на израелското жири.

Македонската песна доби гласови од 36 земји учеснички од вкупно 41 на Евровизија 2019. Најмногу (12) доделија Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија. Десетки дадоа Норвешка, Италија, Унгарија, Хрватска, Ерменија и Данска, а бодови освои и од Португалија (5), Азербејџан (8), Малта (3), Сан Марино (1), Холандија (3), Црна Гора (7), Полска (8), Р. Ирска (5), Романија (7), Австралија (7), Русија (4), Германија (7), Исланд (8), Грција (1), Летонија (8), Чешка (7), Франција (7), Финска (7), Словенија (2).

Ова е најдобар пласман на македонски претставник на изборите за песна на Евровизија од 1998 година кога дебитира Владо Јаневски со „Не зори зоро“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top