Фатиме Фетаи за Скопје 1: Никој не би смеел да ми го чепне компјутерот без моја дозвола

Обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за „Скопје1.мк“ рекла дека не верува дека некој би се осмелил без нејзино одобрение, да влезе во нејзината канцеларија и да го чепка нејзиниот службен компјутер..

Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека до средината на август е на одмор, но во понеделник ќе одела во СЈО и таму ќе се информира што се случува со настанатата ситуација.

Таа бришењето на податоците во сите компјутери на СЈО по наредба на шефицата Катица Јанева, вели дека дознала од медиумите.

„Не верувам дека некој би се осудил, без мое знаење, да ми чепне во компјутерите или во мојата канцеларија. Јас до средината на август сум на одмор, но во понеделник ќе одам во СЈО и таму ќе се информирам што се случува бидејќи официјално никој не известил. За ова слушам од медиумите“, вели Фетаи за „Скопје1.мк“

Вечерва СЈО демантираше дека Јанева наредила уништување на материјали.

Во врска со денешно објавените написи околу наводно издавање наредби за форензичко бришење или уништување на податоци во Специјалното јавно обвинителство, истите во целост ги демантираме.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top