Фиат му помогна на Јуве, за Роналдо, а Пирели му нуди помош на Интер за Меси!

Се поинтензивно се шпекулира дека Меси сериозно размислува за својата иднина во Каталонија, откако влезе во последната година од договорот со Барселона..

Наводно Меси се двоуми дали воопшто да го продолжи договорот, па неговото напуштање на „Камп Ноу“ не смее да се исклучи.

Cрамежливо се појавуваат гласини и дека Интер би можел да се обиде да го доведе Лионел Меси, порано или подоцна. Сепак на „Нероазурите“ ќе им биде потребна огромна сума на пари за да привлечат играч како Меси на „Џузепе Меаца“, пред се поради неговите примања.

Имено, Интер би можел да добие помош од својот спонзор, италијанскиот гигант за производство на пневматици, „Пирели“, слично како што Фиат имаше огромна улога во трансферот на Роналдо.

Извршниот директор на компанијата „Пирели“, порача дека можат да помогнат, но дека најголемиот дел од напорот мора да го преземе првиот човек на Интер, Стивен Жанг.

„Искрено во вакви вермиња, не сме во можност да инвестираме во спортот повеќе од она што го правиме во моментов, со Формула 1, Интер и другите проекти“, изјави извршниот директор на „Пирели“ Тронкети Провера и додаде:

„Мораме да го прашаме Стивен Жанг тој самиот да ги направи напорите. Ние можеме да помогнеме, но не можеме да направиме ништо значително“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top