ФИФА донесе важна одлука за играчите кои сакаат да ја сменат репрезентацијата

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе денеска интересна одлука за промена на националните селекции..

ФИФА изгласа резолуција според која играчите можат да играат за друга репрезентација под услов до 21 година да не настапиле повеќе од три пати за една држава во нетурнирски натпревари.

Тоа значи дека било кој фудбалер кој има желба да настапи за некоја друга селекција тоа без поголеми проблеми ќе може да го направи без оглед на тоа што претходно настапувал за друга држава.

Единствениот услов е играчот да не настапил на повеќе од три меча за една селекција до својата 21. година во официјални натпревари, а сигурно е дека голем број национални тимови по оваа одлука ќе тргнат во ангажирање на играчи.

Ова особено се однесува на африканските земји кои имаат огромен број фудбалери кои настапиле за одредени европски селекции во кои на нив веќе не се смета.

Секако добра одлука на ФИФА бидејќи ќе им овозможи на фудбалерите и покрај се да настапуваат за државите кои ги сакаат, иако претходно одбрале други национални тимови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top