Филипче: Помал процент болни од ковид-19 завршуваат во болница

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави анализа која покажува дека во последните две недели е намален процентот на болни од коронавирусот кои се хоспитализирани..

„Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули“, напиша Филипче.

Според министерот за здравство, за време на целата епидемија, највисокиот процент на болни кои завршиле во болница е 12 лица на секои 100 заразени.

„Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен! напиша Филипче.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top