Филипче: Рестрикциите треба да попуштат, а граѓаните да се придржуваат кон препораките

Не можеме да живееме во строга рестрикција, мерките треба да попуштат, но граѓаните мора да се придржуваат кон препораките од здравствените власти, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче..

Како што кажа тој, постепеното враќање на животот во нормала мора да се спроведува преку строго придржување кон веќе утврдените правила и универзални мерки.

„Веќе има консензус кои се тие универзални мерки кои мора да се почитуваат: маските, дистанцата, честото миење на рацете и дезинфекцијата. Само со придржување до тие мерки ние може постепено да се враќаме во нормала. Алтернатива на тоа е строга рестрикција, којашто никој од нас не ја посакува“, рече Филипче.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top