Филипче: За здравствената администрација нема покачување на платата зошто не можат да се одделат од јавната администрација

Со зголемување на платите во здравството не се опфатени и болничарите, а за 25 проценти повеќе пари ќе добијат специјалистите, а медицинските сестри поголема плата за 10 проценти..

Здравствената адмимистрација не може да се оддели од останатата јавна администрација и затоа не се опфатени со најавеното покачување на платата во здравството од февруари, изјави министерот Венко Филипче откако вчера преку соопштение реагираше независниот синдикат на техничко -административниот персонал во здравството.

Тие велат дека се изманипулирани и најавија протест за 28 ноември доколку не се реши и нивното барање за повисоки плати и за нив.

Филипче рече дека тие во септември добиле покачување заедно со останатата администрација и со двата синдикати разговарале и за нив во повеќе наврати, но не можеле да најдат решение и да ја одделат здравствената администрација за да добијат и тие ново покачување на платите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top