(ФОТО) Студентите Македонци од Мелбурн на вториот Илинденски бал 2019

Македонски студентско друштво на Ла Троб Универзитетот во Мелбурн.

Членовите на Македонското студентско друштво на Ла Троб Универзитетот во Мелбурн присуствуваа на Вториот Илинденски бал на Македонците во Мелбурн во организација на Светскиот Македонски Конгрес Австралија.

Студентите Македонци им оддадоа почит паднатите херои за слободата на Македонија.

Македонското студентско друштво на Ла Троб Универзитетот во Мелбурн е формирано 2018 година посветено на Македонската култура на Ла Троб Универзитетот во Мелбурн.

Основни цели на Македонското студентско друштво на Ла Троб Универзитетот во Мелбурн се: негување на македонската култура на Ла Троб Универзитетот; промоција на туризмот во Република Македонија; промоција на студиите на македонски јазик на Ла Троб Универзитетот; зајакнување на македонската култура меѓу студентите и идните генерации Македонци; и унапредување на односите меѓу Австралија и Македонија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top